Премиер лига: Мурињо во чудо, Тотенхем водеше 3:0 и не победи! (ВИДЕО)

Денеска во петтото коло од најсилното англиско првенство видовме еден фантастичен натпревар помеѓу Тотенхем и Вест Хем, исполнет со шест голови на стадионот во Лондон (3:3).

Уште во првите 16 минути играчите на Жозе Мурињо имаа три голови предност и се предвидуваше само рутинска победа на домаќините во градското дерби.

Веќе во првата минута Тотенхем дојде во водство со голот на Хјунг-мин после асистенцијата на Кејн, а улогите беа заменети во осмата минута за зголемување на водството.

Англискиот репрезентативец Кејн во 16 минута по додавањето на Регилон по вторпат се запиша во листата на стрелците. Во 72 минута Мурињо му даде шанса и на новото засилување Бејл кој дебитираше за Тотенхем, но изненадувачки не со победа на крајот. 

Прочитајте и...  Димитров со пресврт го победи Циципас во Виена

„Чеканите“ не се предадоа и до крајот успеаја дури и да излезат како непоразени во овој дуел, Балбуена стрелаше во 82 минута за намалување на негативата, 180 секунди подоцна автогол си постигна Санчез за враќање на надежите на гостинскиот клуб.

Бејл можеше да се прослави на дебито, но не реализираше прекрасна шанса во судиското надополнување и не така долго дојде казната на спротивната страна, а за тоа се погрижи Ланцини (90+4`) кој му донесе голем бод на Вест Хем.

На табелата Тотенхем има осум бода на шестото место, еден повеќе од осмопласираниот Вест Хем. Во другите мечеви од неделната програма Шефилд јунајтед-Фулам (1:1), Кристал палас-Брајтон (1:1).

Поврзани вести

Митревски и Порто ремизираа против Киелце

Слободен печат

Лига на Европа: Наполи без Елмас поуспешен од Сосиедад

Слободен печат

Димитров со пресврт го победи Циципас во Виена

Слободен печат

Меси е како Хари Потер, ќе го фрлам телевизорот кога ќе се пензионира

Слободен печат

Поранешна руска тенисерка преживеала хорор во својот дом: Влегоа пет луѓе и ме врзаа, рацете ме болеа со денови

Слободен печат

Лига на Европа: Црвена Звезда пукна „петарда“, пораз на Тотенхем (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар