Премиер лига: Катастрофа на Ливерпул во Бирмингем! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/Pool

Бранителот на шампионската титула од минатата сезона крајно непрепознатлив вечерва во рамките од четвртото коло, Астон Вила на домашен терен верувале или триумфираше со дури 7:2 на „Вила Парк“.

После онаа изненадувачки висока победа на Тотенхем на гостувањето кај Манчестер јунајтед, денеска во Премиер лигата сме сведоци на уште еден интересен резултат.

Дефинитивно ваков епилог никој не очекуваше, па ниту самите букмејкери, еден од најзаслужните за триумфот во Бирмингем беше Грилиш кој имаше фантастична партија од два голови и три асистенции.

Но, треба да се одвои и Воткинс кој ја започна гол серијата, а воедно запиша и една асистенција. Придонес во освојувањето на бодовите дадоа уште МекГин и Баркли.

Редси успеаја само двапати да ја намалуваат негативата, расположен беше само египетскиот интернационалец Салах кој стрелаше во 33 минута за 2:1 и во 60 минута за 5:2.

Така, Астон Вила заедно со Евертон остануваат единствените екипи во Премиер лигата без нитуеден пораз, со победа на секој натпревар, а напомена дека Астон Вила има и еден меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот