Премиер лига: Горчливи „карамели“ за Челзи! (ВИДЕО)

фото:твитер

После заминувањето на менаџерот Силва, „карамелите“ од клупата ги предводи Д. Фергусон им се вратина на победите, пред своите навивачи го совладаа големиот фаворит Челзи со 3:1.

Веќе после пет минути игра водеа домаќините, Сидибе испрати една употреблива топка, Ришарлисон скокна и со глава стрелаше за 1:0, Кепа беше немоќен.

На стартот од второто полувреме Калверт-Луин најдобро се снајде во казнетиот простор за зголемување на позитивата, а три минути подоцна гол и во мрежата на Евертон.

Една одбиена топка дојде до Ковачиќ, а овој со еден убав шут го пронајде патот до домашната мрежа за одржување на шансите на играчите на Лампард.

Но, во 84. минута Калверт-Луин по вторпат се запиша во листата на стрелците, ја искористи одбиената топка откако Дејвис се обидуваше да ја отстрани опасноста, веднаш шутираше и ги потврди трите бода.

Премиер лига, 16. коло

Сабота –

Евертон-Челзи 3:1
16.00 часот Борнмут-Ливерпул
16.00 часот Тотенхем-Барнли
16.00 часот Ватфорд-Кристал Палас
18.30 часот Манчестер сити-Манчестер јунајтед

Табела:

1.Ливерпул 44 бодови
2.Лестер 35
3.Манчестер сити 32
4.Челзи 29
5.Вулверхемптон 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот