Премиер лига: Фернандеш ја најави победата на „црвените ѓаволи“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Составот на Вулверхемптон благодарение на двојниот стрелец Жота и Хименез обезбеди нови три бода против екипата на Норич (3:0)…

Денеска во рамките од 27. коло во најсилното англиско фудбалско првенство екипата на Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога против Ватфорд (3:0).

Гол серијата ја започна новото зимско засилување Бруно Фернандеш кој на еден интересен начин во 42. минута реализираше удар од белата точка за водство.

Потоа, во 58. минута една мајсторија приреди Марсијал, а конечниот епилог го постави Гринвуд после асистенцијата на Фернандеш во 75. минута на „Олд Трафорд“.

Вулверхемптон има многу добра сезона во Премиер лигата, Жота со два голови во првото и Хименез во второто полувреме обезбедија три бода за својот клуб против Норич (3:0).

Вулверхемптон моментно е на осмото место со 39 бодови, само два помалку зад петтопласираниот Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот