Премиер лига: Челзи го има „наследникот“ на Азар! (ВИДЕО)

twitter.com/ChelseaFC

После заминувањето на Еден Азар (во Реал Мадрид), лондонските „сини“ за 60 милиони евра го ангажираше Кристијан Пулишиќ. Многумина сметаа дека Пулишиќ не вреди толку, ниту дека може некој во иднина да го замени одличниот белгиски интернационалец.

Американскиот интернационалец не импресионираше на почетокот од сезоната, не се избори веднаш за местото стартер, а кога играше не наоѓаше пат до мрежата. Во 12 натпревари до денес само на пет стартуваше од првата минута, па на три меча по ред не влегуваше во игра и запиша само неколку асистенции.

Конечно денеска фудбалска „експлозија“ на Кристијан Пулишиќ. Со хет-трик го „урна“ Барнли на гостински терен, го покажа сиот талент и му донесе на Челзи победа од 2:4. Со четири триумф во низа сега фудбалерите на Лампард се израмнија со третопласираниот Лестер и на само два бода зад Манчестер сити на втората позиција.

Доколку со вакво темпо дефинитивно навивачите можат да бидат сигурно дека го имаат Пулишиќ како „наследник“ на Азар.

Тој е вториот Американец на кого му успеал да оствари хет-трик на еден натпревар во историјата на првенството на Англија. Првиот кој му успел три пати да стрела на еден ист меч беше екс-играчот на Фулам, Клинт Демпси, кој направи хет-трик на средбата со Њукасл (5:2) на 21 јануари 2012 година

Лампард го напаѓаше Барнли со младите надежи Пулишиќ, Абрахам, Мејсон Маунт, искусниот Вилијан и плејмејкерскиот тандем Ковачиќ-Жоржињо.

Премиер лига, 10. коло

Сабота, резултати –

Манчестер сити-Астон Вила 3:0
Брајтон-Евертон 3:2
Ватфорд-Борнмут 0:0
Вест Хем-Шефилд јунајтед 1:1
Барнли-Челзи 2:4

Табела: Ливерпул 25 бодови, Манчестер сити 22, Лестер 20, Челзи 20, Арсенал 15…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот