ПРЕМИЕР ЛИГА: Арсенал знаеше дека 2:0 е „најопасен резултат“! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/now_arsenaI

Фудбалерите на Ватфорд со еден бод со еден бод и нов менаџер го пречекаа Арсенал во петтото коло од Премиер лигата, одиграа реми, иако можеа и повеќе, на крајот 2:2 (0:2) на „Викариџ роуд“.

Во 21 минута Арсенал стигна до предност, Колашинац му додаде на Обамејант кој реализираше нов погодок во сезоната за 1:0 во корист на „топчиите“.

Продолжи тимот на Емери со нешто подобра игра, се играше 32 минута кога Озил убаво го пронајде Мејтланд-Најлс, а овој ја испрати топката на втората статива кон осамениот Обамејанг, а интернационалецот од Габон успеа да ја зголеми позитивата на гостинскиот состав.

Во вториот дел се „разбудија“ домаќините кои на клупата беа предводени од Шпанецот Кике Санчес Флорес кој го наследи сонародникот Гарсија.

Една грешка следуваше во одбраната на Арсенал, невнимателен беше Сократис кој да додаде во казнетиот простор до Гендузи, но во непосредна близина беа домашните играчи, Делофеу ја украде топката кој асистираше до Клеверли кој со еден силен удар го намали резултатот.

Во 81 минута главниот судија покажа на белата точка, откако Луиз го фаулираше Перејра, а ударот од пенал успешно го реализираше токму аргентинскиот фудбалер за нерешено. Во финишот можеше да се случи и комплетен пресврт на домаќините, во една одлична контра ударот на Абдулај Дукуре од една добра позиција го одбрани Лено кој така спаси бод на Арсенал.

Арсенал веќе трет меч не знае за победа се наоѓа на осмото место со осум бодови, седум помалку зад лидерот Ливерпул, а на дното останува Ватфорд заедно со Вулверхемптон единствени без победа сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот