Премиер лига: Анчелоти очекува одлична сезона, целта е Европа!

фото:твитер

Карло Анчелоти, менаџерот на Евертон, истакнува дека клубот има големи амбиции во новата сезона. Екипата од Ливерпул лани го освои 12 место, што е најлош пласман од 2004 година кога натпреварувањето го заврши на 17 позиција.

За искусниот италијански стратег, кој трипати ја освојуваше Лигата на шампионите, минатогодишниот настап беше големо разочарување, иако седна на клупата на крајот од 2019 година кога се бореше за опстанок.

– Минималната цел на Евертон да се бори за место во европските натпреварувања. Имаме желба, амбиции и добра екипа. Верувам дека тоа е достижно – рече 61-годишниот Анчелоти.

Во текот на летниот период Италијанецот успеа во редовите на Евертон да ги донесе Бразилецот Алан од Наполи, Французинот Абдулај Дукуре (Ватфорд) и Колумбиецот Хамес Родригез од Реал Мадрид.

– Презадоволен сум од играчите, кои ги имам на располагање. Клубот направи фантастична работа, Алан, Дукуре и Родригез беа нашиот приоритет. Сега мораме да направиме сè за да имаме одлична сезона, да бидем конкуретни во сите натпреварувања.

Очекувам екипата да расте како што поминува сезоната. Секако доколку се појави некој интересен на пазарот, ќе реагираме. Но, и доколку останеме во овој состав, нема да имам ништо против – додаде Анчелоти.

Евертон во првото коло од новата премиерлигашка сезона му гостува на Тотенхем в недела од 17.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот