Премиер лига: Алонсо за нова радост на Челзи! (ВИДЕО)

twitter.com/ChelseaFC

Денеска во рамките од деветтото коло во најсилната англиска фудбалска лига составот на Челзи ја забележа петтата победа (трета по ред) оваа сезона остварена дома над Њукасл (1:0).

Во 73 минута од средбата на „Стемфорд Бриџ“ се движеше еден напад околу казнетиот простор на гостите, Хадсон-Одои му асистираше на Алонсо кој шутираше со левата нога и ја затресе мрежата на Дубравка.

На табелата лондонските „сини“ ја делат втората позиција со Лестер со по 17 бодови, додека Њукасл е во опасната зона за испаѓање на 18 место со осум бодови.

Тотенхем повторно ги разочара своите навивачи играјќи само 1:1 против Ватфорд кој уште водеше уште во шестата минута со голот на Дукуре.

Во 86 минута фудбалерите на Покетино успеаја барем да го избегнат поразот, благодарение на грешката на голманот Фостер кој не реагираше најдобро, тоа го искористи Али за поставување на конечниот епилог.

Премиер лига, 9. коло

Сабота –

Евертон-Вест Хем 2:0
Астон Вила-Брајтон 2:1
Борнмут-Норич 0:0
Челзи-Њукасл 1:0
Лестер-Барнли 2:1
Тотенхем-Ватфорд 1:1
Вулверхемптон-Саутемптон 1:1

Кристал Палас-Манчестер сити 0:2

Табела: Ливерпул 24 бодови, Манчестер сити 19, Лестер 17, Челзи 17, Арсенал 15…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот