Премиер лига: Агуеро испиша историја, Сити ја декласираше Астон Вила! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Граѓаните“ и натаму се далеку зад водечкиот Ливерпул, додека Ватфорд исто така на убедлив начин ги освои бодовите кај тимот на Борнмут (0:3).

Денеска се одиграа два натпревари од 22. коло во најсилното англиско фудбалско првенство, составот на Манчестер сити ја декласираше Астон Вила со 1:6, а Ватфорд со 0:3 беше подобар од Борнмут.

„Граѓаните“ предводени од менаџерот Пеп Гвардиола ја оправдаа фаворитската улога на теренот во Бирмингем за вкупно 15. победа сезонава во Премиер лигата.

Хет-трик забележа Серхио Агуеро, двапати во листата на стрелците се запиша Марез, а еден погодок беше дело на Габриел Жезус после асистенцијата на Де Брујн непосредно пред паузата. Единствениот гол за домаќините беше реализиран од пенал во финишот (90+1) преку Ел-Гази.

Еве и уште неколку интересен податок, Давид Силва сега има 21 асистенции до Агуеро во Премиер лигата, само три повеќе има Френк Лампард до Дидие Дрогба.

Серхио Агуеро сега има најмногу реализирани хет-трика (12) повеќе од било кој друг играч во Премиер лигата, надминувајќи го легендарниот Алан Ширер.

Ватфорд ги освои трите бода на гостувањето кај Борнмут (0:3). благодарение на головите на Дукуре, Дини и Перејра.

Сити се наоѓа на второто место на табелата со 47 бодови, далеку зад водечкиот Ливерпул кој има 61 бод, а и еден меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот