Преку половина од младите луѓе сакаат да се иселат од регионов

Младите заминуваат во земјите-членки на Европската унија/ Фото: МИА

Невработеноста, иселувањето и ограничените можности, се главните проблеми со кои секојдневно се соочуваат младите во Албанија и земјите во регионот, оценето е на регионалниот министерски состанок за млади и образование, што се одржа во Тирана, со учество на ресорни министри и претставници од Западен Балкан и Италија.

На состанокот, кој се одржа на националниот ден на младите на Албанија, 8 декември, речено е дека списокот на празнини започнува од невработеноста која потоа влијае на нивното иселување.

-Еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите денес е невработеноста, која како голема последица ја носи емиграцијата. Ни недостига интегритет во институциите на земјата и немаме соодветна демократија. Ова, верувам, се главните последици и главните проблеми кои се соочуваат млади луѓе, посочено е на средбата.

Секретарот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) Алберт Хани, смета дека емиграцијата на младите е регионален проблем.

-Над 52 отсто од младите сакаат да се иселат од регионот на Западен Балкан. Ова е алармантна бројка, но и нов предизвик за актерите кои се нафатија да го трансформираат патот на младите, рече тој, пренесува Ора њуз.

Тој одговори и на прашањето дали „Отворен Балкан” е добра можност да им се понуди повеќе на младите.

-Мора да се поддржат сите иницијативи кои ги обединуваат соништата на младите, додаде Хани.

Собирот го организира Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и ресорните албански министерства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот