Преку мобилен интернет користат 1 398 860 претплатници

Ајфон Епл мобилен телефон
Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во вториот квартал годинава изнесува 1 867 694, а реализирани 1 523 126.310 минути разговор. Резиденцијални при пејд претплатници се 725 868, а пост пејд 892 456. Дел од вкупната бројка се и 249 370 деловни постпејд претплатници.

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, во второто тримесечие годинава бројот на претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна телефонија изнесува 1 398 860.

Најголем удел на пазарот според бројот на претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија, 49,78 проценти, пред Македонски Телеком (47,25 проценти), по што следат Лајка мобајл (1,76 проценти), Роби (1,19 проценти), како и Греенмобајл (0,02 проценти).

И според остварените приходи најголем е уделот на А1 Македонија, (49,31 процент), Македонски Телеком има удел по тој основ од 49,25 проценти, Роби од 0,96 проценти, Лајка мобајл од 0,45 проценти, а Греен мобиле од 0,03 проценти.

Најголем удел во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава има А1 Македонија со 52,19 проценти, по Македонски Телеком има 45,27 проценти, а Роби 1,60 проценти…

Извештајот на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека бројот на фиксни линии според сите технологии во вториот квартал годинава достигна 420 908, а во анализираниот период се остварени 34 301 471 минути разговор. Кон мрежи во странски држави се остварени 522.177 минути разговор.

Македонски телеком со 52,91 процент и натаму има најголем удел на пазарот според бројот на фиксни линии, пред А1 Македонија (39,73 проценти). Со 4,75 проценти е застапен операторот Роби, со 2,21 процент Неотел, со 0,53 Инфел Нет плус.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот