Преку границата меѓу Косово и Србија, со прелепени таблички

фото:курир.рс/Немања Николиќ

По две недели, граничните премини на северот на Косово, Јариње и Брњак, се отворени и може да се минат со автомобил , со задолжително вметнување државни симболи на регистарските таблички издадени од властите на Косово и Србија.

Граничниот премин Јариње / фото:ЕПА

Мерката за лепење државни симболи ќе се примени на сите други гранични премини врз основа на привремено решение што двете страни го постигнаа на 30 септември во Брисел со цел да се деескалира ситуацијата во северно Косово.

Мнозинството српско население кое живее во општините на северот на Косово, ги блокираа Јариње и Брњак тринаесет дена поради одлуката на Владата на Косово да спроведе реципрочни мерки кон Србија во врска со регистарските таблички

Во последните десет години, граѓаните на Косово, кои имаат таблички РКС, можеа да влезат во Србија само со пробни таблички издадени од српските институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот