Преку глава ви е од шопска? Пробајте ги овие кул, лесни и летни салати

салата лубеница диња
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб-Инстаграм

Во овие топли денови, идеален предлог за семеен ручек или вечера е некоја свежа и вкусна салата. Секако традиционалната шопска салата е одличен прилог, но доколку сакате овој пат салата да биде вашето главно јадење имаме неколку совршени предлози во кои ќе уживате заедно со целото семејство.

Салата од наут и свежи билки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily (@emily_is_eating)

Потребни состојки:

  • 120 гр кисело млеко или јогурт
  • 3 лажици мајонез
  • 2 лажици сок од лимон (од 1 лимон)
  • 1 ½ лажички сенф
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • 2 лажици ситно сечкан свеж копар, плус повеќе за сервирање
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос, плус повеќе за сервирање
  • 3 конзерви наут, исплакнат или 750 гр претходно сварен наут
  • 2,3 млади кромидчиња, исечкани ситно

Подготовка:

Во мал сад измешајте го јогуртот/киселото млеко, мајонезот, сокот од лимон, сенфот и сол и бибер. Изматете со мешалка или виљушка додека не се соединат, потоа додадете ги копарот и магдоносот и промешајте да се соединат. Оставете го сосот на страна. Ставете го наутот во голема чинија и користејќи вилушка, лесно изгмечете околу 1/3 од нив. Додадете го младиот кромид и измешајте. Истурете го сосот врз салатата, добро измешајте и оставете го на собна температура најмалку 30 минути пред сервирање. Посипете со уште копар и магдонос и послужете.

Салата од краставици со кикиритки и лут буковец

салата краставица
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Потребни состојки:

  • 6 краставици, околу ½ килограм, исечени во форма на елипси, па истите на половинки
  • 40 грама печени кикиритки
  • 40 грама свеж коријандер или магдонос
  • 1 лажичка лут буковец или чили (по вкус)
  • 3 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици вински оцет
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 мало чешне лук, рендано
  • сол

Подготовка:

Посолете ги краставици и оставете ги да ја исфрлат водата од нив, во меѓувреме исечкајте ги кикириките, коријандерот/магдоносот и буковецот заедно додека не станат многу ситни. Оставете ги на страна.
Во голема чинија со мешалка изматете путер од кикирики, соја сос, оцет, шеќер, лук и 1/2 лажичка сол. Додадете до 1 лажица вода, доколку сосот е многу густ. Ставете ги посолените краставици во садот со сосот и измешајте убаво. Кога сервирате, ставете половина од салата од краставици на чинијата, посипете со половина од смесата од кикирики. Повторете го тоа со преостанатата салата од краставици и мешавина од кикирики.

Салата од лубеница и диња

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NYT Cooking (@nytcooking)

Потребни состојки:

  • 600 гр мешавина од лубеница и диња исечени на коцки (за уште поубав вкус може да измешате два вида на диња)
  • 240 гр краставица исечкана на коцки (ако има семки извадете ги)
  • Сол по вкус
  • 1 лажичка кора од лимон или лимета
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон или лимета
  • 1 рака сецкано свежи нане
  • 120 гр фета сирење, издробено
  • ½ лажичка чили во прав (по вкус)
  • 2 лажици екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

Измешајте ги состојките во голема чинија и сервирајте веднаш.

Извор: „NY Times“

Видео на денот