Преку ден врвна спортистка, навечер проститутка
Сузи Фејвор Хамилтон, е седумкратна американската шампионка со три учества на Олимписките игри (1992,1996,2000), но светската слава ја стекна многу подоцна и не поради успесите на тартанот.
Таа во 2012 година призна дека работела како проститутка.
„Да, работев како проститука“, призна Хамилтон.
Сузи се најде во центарот на скандалот кој ги потресе САД во 2012 година, кога медиумите ја открија нејзината тајна, дека водела двоен живот. Таа во Лас Вегас работела за елитна ескорт агенција и на муштериите им била позната како „Кели Ланди“, а заработката и била околу 600 долари на час.
Таа неколку години подоцна одлучи да прекине со двојниот живот и напиша книга. Во книгата „Брза девојка:Живот во бегство од болестите“, призна дека боледува од биполарно пореметување. Според Сузи Фејвор Хамилтон, докторите погрешно и ја дијагностифицирале болеста и поради погрешната терапија таа станала зависничка од секс. Тогаш започнала со двојниот живот, преку ден успешна спортистка, а навечер елитна проститутка.
https://www.instagram.com/p/BstVl8GgJ2V/?utm_source=ig_web_copy_link
– Сигурна сум дека никогаш не би станала проститутка доколку не беа лековите кои ме направија зависничка од секс. Но, свесна сум дека имав сексуални односи за пари, и кога велам дека тоа е поради болеста, не се обидувам да се правдам. Тоа не бев јас, тоа беше мојата болест и нема да дозволам тој дел од животот да ме уништи – вели Хамилтон.
Хамилтон во текот на кариерата имаше проблеми со саводовербата, а пресвртница во животот и беше кога на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, на трката на 1.500 метри намерно падна и глумеше дека е повредена.
– Во финишот на трката дури пет девојки ме претекнаа и сонот за олимписки медал заврши. Наместо да ја завршам трката, јас намерно паднав и тоа беше моментот кога животот ми тргна во надолна линија – призната Хамилтон.
По завршувањето на кариерата се посвети на семејството, набрзо стана мајка. Но улогата на мајка ја направи депресивна и тогаш доби терапија која ја смени и ја направи зависничка од секс. За годишнината од бракот, таа го шокира сопругот со неверојатниот предлог.
– За да го спасиме бракот, јас и Марк одлучивме во 2011 година да одиме во Лас Вегас. Успеав да го наговорам да скокаме до падобран но и да имаме секс во тројка. Се сеќавам дека тогаш на маж ми му кажав дека за прв пат во животот сакам да бидам со друг маж, по што неговиот одговор беше „Ова треба да го правиш почесто“ – се потсетува Хамилтон.
По одредено време Сузи му соопштила на сопругот дека мора да се врати сама во Лас Вегас. Таа отворено му кажала за зависноста од секс и добила поддршка од сопругот по што девет месеци работеше како проститутка во Лас Вегас за 600 долари од час.
https://www.instagram.com/p/BurUXIagZqk/?utm_source=ig_web_copy_link
Сега Сузи Фејвор Хамилтон патува низ САД како предавач и отворено зборува за двојниот живот.
– Свртев нова страница во животот. Моето животно искуство е богато но воедно и ми помогна да станам подобра личност. Болеста можеше да ме „сврти“ кон алкохолот, коцката, дрогата, но јас го избрав сексот – вели Хамилтон.