Преку ден син на претседател, навечер дрег кралица! (ФОТО)

Естанислао Фернандез, синот на претседателот на Аргентина, има 24 години и студира графички дизајн и илустрација, работи за осигурителна компанија и живее со својата девојка во стан во Буенос Аирес. Меѓутоа, тој не е познат како син на претседателот, туку популарноста му расте благодарение на имиџот на неговото алтерего Дихзи.

На денот на инаугурацијата на неговиот татко, Алберто Фернандез, Естанислао, со марама во боја на виножито во џебот на неговото одело, седеше во првите редови во аргентинскиот парламент.

Естанислао на социјалните медиуми е познат како „drag queen“ и „cosplayer“ (трансформирање во специфични ликови) на социјалните мрежи.

Во интервју за радиопрограмата „Не може да се живее од љубов“, признал дека секогаш лежерно ја прифаќал својата сексуалност, иако во училиште му се потсмевале.

„Отсекогаш бев многу женствено момче и ме нарекуваа со секакви имиња“, се присеќава тој.
Одлучил да го смени училиштето и родителите го поддржале во тоа.

Денес активно го користи Инстаграм и има повеќе од 40.000 следбеници. Без оглед што е инфлуенсер, според неговите зборови тој е „обичен човек, како и секој друг“.

„Треба да плаќам за стан, картица и имам долгови“, рекол тој.

 

Што е дрег кралица според Естанислао?

За Естанислао да се биде „drag queen” не значи само да се облекуваш како жена или да преферираш женски имиџ, туку и да се изразуваш како уметник. Естинислао објаснува дека да се биде дрег е уметност, која ги има своите почетоци во театарот.

Зборот дрег се појавува во времето на Шекспир, кога на жените не им било дозволено да глумат во театар и мажите ги глумеле женските улоги.

„Оттаму е изразот „дрег“ – dressed as a girl (облечен како девојка)“, додал синот на претседателот.

View this post on Instagram

Estilo y elegancia pa toda la vagancia

A post shared by ⚡ D Y H Z Y ⚡ (@dyhzy) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот