Преку 30.000 случаи на коронавирус во Африка

Фото: EPA-EFE/ KIM LUDBROOK

Во 54 земји во Африка биле регистрирани повеќе од 30.000 потврдени случаи на Ковид-19, соопшти денеска Африканскиот центар за контрола и превенција на болести.

Досега од коронавирусот во Африка починале 1.374 луѓе, се наведува во извештаите. Само две африкански земји не пријавиле ниту еден случај на болеста – Кралството Лесото, мала планинска држава во јужна Африка и островот Комори.

Јужна Африка има најмногу случаи на Ковид-19 на континтентот со 4.361 случај, а следните три земји се во северна Африка: Египет со 4.319 случаи, Мароко 3.897 и Алжир со 3.256 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот