Преку 20 нови светски брендови влегуваат во Македонија: Потпишан договорот за најголем синдициран заем во земјава (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со носење на заштитни маски и почитување на сите протоколи денеска на градилиштето на трговскиот центар East Gate во Скопје се потпиша најголемиот синдициран заем во земјава, во вредност од 72 милиони евра.

Лидер на заемот е НЛБ Банка АД Скопје, а останати банки учесници се Комерцијална Банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, но и Raiffeisen Bank Албанија.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешното потпишување на договорот присуствуваа генералните директори од сите наведени банки, а свое обраќање имаше и генералниот извршен директор на трговскиот и резиденцијален центар East Gate, Игор Давков, како и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир.

Присутните го искажаа своето задоволство од потпишувањето на овој договор за најголем синдициран заем, а истакнаа дека поради пандемијата со Ковид-19 сето тоа се одвива во сосема поинакви услови.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во врска со отворањето на East Gate, директорот Игор Давков најави дека тоа ќе се случи следната година, поточно во текот на наредната сезона есен-зима.

Давков откри и дека на 40 отсто од вкупниот капациетет на трговскиот ќе се отворат уште 20 сосема нови брендови во земјава, но не откри за кои станува збор.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во East Gate веќе 90 отсто од просторот е закупен, а Давков најави дека токму во овој трговски центар ќе биде отворена и најголемата Зара во регионот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според првичните поценки, со отворањето на центарот се очекува отворање и на 2.500 работни места, кои, како што најави Давков, ќе имаат влијание врз намалувањето на невработеноста во земјата, посебно кај помладата популација.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот