Прекршочна за Ирина Пановска, в.д. директорката на Хематологија

Антикорупциската комисија на денешната седница донесе одлука да се поднесе прекршочна пријава против актуелната в.д. директорка на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска, бидејќи ненавремено го поднела анкетниот лист.

-Пановска е именувана на 04.08.2017 година. Според законот има обврска при секое ново назначување да поднесува анкетен лист, односно на секои шест месеци, бидејќи одново и се продолжува функцијата в.д. директор. Иако имала обврска четири пати до сега да поднесе завршен анкетен лист и потоа одново бидејќи е четирипати повторно именувана за в.д. директор, таа на 15.05 доставила анкетен лист за сите именувања одеднаш. Констатираме дека тоа е ненавремено поднесување – рекоа од Антикорупциска.

Комисијата против Пановска претходно отвори предмет за можна корупција при тендерска постапка, односно тендер на Хематологија кој го добил фирма во сопственост на нејзиниот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот