Прекрасната русокоса повторно мета на критики: Памела Андерсон претера со фотошопот!

Шармантната русокоса, актерката Памела Андерсон се прослави со своите облини во хит серијата „Baywatch“, а покрај тоа стана и заштитно лице за магазинот „Playboy“. Денес таа има 53 години, но и понатака зрачи со сексапил, а сега се сликаше гола за познат бренд на чанти.

инстаграм

Станува збор за модни додатоци кои се изработуваат од веганска кожа, а внатрешноста е направена од рециклирани пластични шишиња. Памела е оддамна позната како голема застапничка на правата на животните дури во еден момент и јавно побарала од Ким Кардашијан да престане да носи вистинско крзно.

инстаграм

Но, тоа што многумина го приметија на новите фотографии од актерката е впечатливиот фотошоп. Кога ќе се споредат нејзините фотографии од папараците и оние од снимањето, очигледна е разликата во изгледот на Памела. Сепак, волкава количина на средување не била воопшто потребна, бидејќи актерката е прекрасна жена која на овој начин изгледа многу неприродно и вештачки.

Прочитајте и...  Анастасија Ражнатовиќ отворено проговори за љубовниот живот на Цеца: Едвај чекам да се омажи!
инстаграм
инстаграм

Поврзани вести

Невообичаен симптом на коронавирусот кој лекарите се уште не можат да го објаснат!

Слободен Печат

Жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата

Слободен печат

Кога Наоми Кемпбел ќе ви каже што треба да правите – тука нема простор за грешка: Манекенката ја откри својата бјути рутина!

Слободен печат

Пушачи, јадете јаболка и заштитете ги белите дробови

Слободен печат

Внимавајте додека земате лекови, заборавете на чоколадата

Слободен печат

Дневен хороскоп за ден 25.10.2020: Скорпијата ќе добие одлична работна понуда, а Бикот ќе се опушти покрај пријателите

Слободен Печат

Остави Коментар