Прекрасна фотосесија: Сара Мејс, Димитар и Илина со нетрпение го очекуваат четвртиот член во семејството

Сара Мејс
Сара Мејс, Димитар Атанасовски и нивната ќеркичка Илина / Фото: Принтскрин, Инстаграм

Нашата поп пејачка и харфистка, Сара Мејс, на почетокот на годинава, поточно на 17 јануари ја израдува јавноста со веста дека по вторпат ќе стане мајка.

По најавата за приновата, ни го открија полот на бебето на забавен начин доследен на светските трендови. Семејството радосно ја отвори кутија, а сините балони го издадоа полот на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара, Димитар и Илина со нетрпение го очекуваат четвртиот член во семејството. Сара и водителот Димитар Атанасовски се веќе родители на малечката Илина која едвај чека да стане постара сестричка, на „бебе број 2“.

Во секој момент се очекува ќерката на нашиот познат пар да добие нова улога како постара сестричка. Пејачката и водителот не ја кријат возбудата, а по тој повод креираа и прекрасна фотосесија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)


Совршено стилизирани семејството Атанaсовски позираа пред објективот на „Photo Factory“. Мама Сара е облечена во лелеав портокалов фустан, малечката Илина во жолт фустан и сламена шапка, a Димитар во бела кошула и џинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот