ПРЕКРАСЕН ЛЕТЕН ВКУС: Торта со лубеница и наполитанки (РЕЦЕПТ)

лубеница

Вкусот на лубеницата е вкус кој асоцира на лето и безгрижни денови. Искористете го овој период за да ја подготвите оваа торта.

Состојки:

За кора:

250 гр наполитанки со вкус на чоколада
125 гр путер
2 лажици мед
2 лажици млеко

Фил:

500 гр кисела павлака
200 мл слатка павлака
1 лимон
1 желатин
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер

Фил 2:

500 гр исчистена лубеница
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 желатин
100 мл слатка павлака

Подготовка:

Наполитанките иситнете ги со помош на блендер па во нив додадете ги растопениот путер, млеко, мед и сите состојки убаво измешајте ги за да стане смесата компактна. Втиснете ја вака добиената смеса во соодветен калап и ставете ја да се стегне најмалку еден час во фрижидер.

Додека чекате да помине потребното време, изматете ја слатката павлака заедно со шеќерот, а желатинот растворете го во лимоновиот сок во кој претходно сте ставиле и малку вода. Изренданата кора од лимонот пак измешајте ја заедно со киселата павлака. Ставете го желатинот да се растопи на тивок оган, додајте малку од киселата павлака, а потоа соединете ја киселата заедно со благата павлака.

Извадете ја кората со наполитанки од фрижидер и врз неа истурете го филот. Повторно вратете ја тортата во фрижидер.

Потоа започнете со подготовка на вториот фил. Најпрвин направете го желатинот според упатството за употреба. Исчистете ја лубеницата од семките, испасирајте ја а потоа заедно со шеќерот загрејте ја на тивок оган. Додајте го желатинот и мешајте додека не се растопи. Оставете го вака подготвениот фил да се излади, а потоа прелијте го врз останатиот фил. Потоа повторно вратете ја тортата во фрижидер и оставете ја да се стегне. На крај изматете ја слатката павлака и со неа украсете ја тортата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот