Прекрасен гол на Чурлинов за првиот тим на Келн (ВИДЕО)

twitter.com/fckoeln

Дарко Чурлинов минатата сезона блескаше со своите погодоци како прв стрелец за У19 тимот на Келн, а сега голгетерската форма ја продолжува и во сениорската екипа.

ГОЛОТ НА ЧУРЛИНОВ ЗА ВОДСТВО ОД 5:0 МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА ВИДЕО ЗАПИСОТ:

Македонскиот репрезентативец доби шанса уште на првите пријателски натпревари летово во убедливиот триумф над нисколигашот Фрехен (7:1).

Поточно, нашиот играч го одигра цело второ полувреме и само малку време му требаше да постигне погодок.

Во 52 минута во прав момент се најде во противничкиот шеснаесетник, го искористи невниманието на ривали и убаво со глава го матираше голманот на Фрехен за зголемување на предноста од 5:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот