Прекрасен гест на Сон:Постигна гол, па пред камерите бараше прошка од Гомеш

twitter/Tottenham Hotspur

Сон во неделата беше актер во немил настан во кој фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш заработи тешка повреда на стопалото, а колку му беше тешко на Кореецот покажаа и солзите на „Гудисон парк“.

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино размислуваше дали воопшто да го носи Сон во Белград, бидејќи фудбалерот беше во шок. А, колку му е тешко на фудбалерот на Тотенхем поради повредата на Гомеш покажа кога го постигна првиот гол на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Тој не го славеше голот туку се упати до најблиската ТВ камера и јавно му се извини на Гомеш за повредата, но и им се заблагодари на сите за поддршката.

принтскрин

– Ми беше многу тешко овие неколку дена. Многу ми е жал за несреќниот момент, но морав да се фокусирам на тимот и продолжам понатаму. Сфатив колку сум среќен поради поддршката која ја имам од навивачите и од своите соиграчи. Гестот по постигнатиот гол беше вистински одговор за сите луѓе кои ме поддржаа – изјави Сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот