Прекоманда за 12 лекари и 20 медицински сестри од Воено-медицинскиот центар на интерните клиники

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар од 12 лекари и 20 медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

Како што соопшти Министерството за здравство, оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка, имајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почеток ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.
По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10.000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од коронавирусот, се посочува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот