Прекинато снимањето на филмот „Беше еднаш во Србија“: Иван Бекјарев е заразен со коронавирус

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Снимањето на филмот „Беше еднаш во Србија“, кој се снима во Лесковац и неговата околина, беше прекинат на пет дена пред крајот на есенската сезона поради фактот што беше откриено дека член на филмската екипа, Иван Бекјарев е заразен со коронавирус.

„Според упатствата на Институтот за јавно здравје – Лесковац и процедурите пропишани од Филмскиот центар на Србија и според Европската конвенција за превенција на болести, ние веднаш го прекинавме снимањето“, изјави координаторот на продукцијата Жарко Бојаниќ.

Тој и додаде дека во следните денови ќе се следи здравствената состојба на членовите на филмската екипа.

„Ќе се следи здравствената состојба на целата екипа, особено на оние кои имаа директен контакт со болниот актер. После тоа, и во согласност со епидемиолошката состојба и временските услови, ќе донесеме одлука за можно продолжување на снимањето“, стои во официјалното соопштение.

Филмот „Беше еднаш во Србија“, како што претходно беше најавено, ќе биде сага за златното доба во Лесковац помеѓу двете големи војни кога градот беше еден од најголемите индустриски центри и личеше на европски град по економска сила, изглед и дух.

Во филмот играат и голем број познати актери како: Виктор Савиќ, Мики Мањловиќ, Слобода Мижаловиќ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот