Прекината свадба во Кочани, лишени се од слобода 5 лица

венчавка свадба
Архива / Unsplash / Louis Tosta

На 03.04.2021 околу 14.00 часот во ОВР Кочани е пријавено организирање на свадбена прослава на ул. Шукри Шаин во Кочани на која биле присутни повеќе граѓани.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од  ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот