Прекината средбата на Џафери со координаторите на пратеничките групи

Талат Џафери / Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за напладне најави прес-конференција откако на денешната редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи не бил постигнат договор за работата на Парламентот и утрешната седница, на која на дневен ред се закони поврзани со мерките за справување со ковид-19.

Според информации од пратеничките групи, ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе присуствуваат на седницата и ќе обезбедат кворум, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива повлекувањето на речиси 32.000 за околу 20 закони го условиле со усогласување со Предлог-закон за државјанство. По ова, според информациите од Собранието, Џафери ја прекинал координацијата и свика прес-конференција.

Собранието, поради пратеници со ковид-19 од владејачкото мнозинство, немање кворум и блокирање на опозоциските партии, не може да гласа за многу законските текстови за кои веќе е завршена расправа, како и за оние што се на дневен ред на утрешната седница 36. седница.

Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петиот сет мерки за справување со ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка. Утре пратениците треба се изјаснат и за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, а на дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозоцијата, предлог закон за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот