Прекината семејна веселба со 25 лица во гостиварско, приведен сопственикот на угостителскиот објект

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (25 ноември) околу 16 часот го лишија од слобода А.Д.(30) од Неготино,гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица.

Тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик. Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот