Прекинат тренингот на Алкараз пред мечот со Ѓоковиќ: Жена се сруши покрај теренот, Шпанецот помагаше

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз тренираше денес пред големиот меч со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, а тренингот го обележа непријатен момент кога се слошило повозрасна жена на трибините, пренесува српски „Телеграф“.
Алкараз излезе на теренот со својот тренер Хуан Карлос Фереро и спарингуваше со него пред навивачите.
Ништо не беше необично затоа што пред секој меч Алкараз се подготвува на тој начин, но така беше се до моментот кога една повозрасна жена не се сруши покрај теренот.
Алкараз веднаш го прекинал тренингот и дотрчал да и помогне, исто така реагирала и брзата помош која и укажа помош на госпоѓата која беше пренесена во болница. Причина за непријатниот момент веројатно беше топлото време во француската престолнина.
Фановите не веруваат дека Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на „Ролан Гарос“