Прекинат пристапот до интернет во поголемиот дел од Ирак

Фото: Aрхива

Пристапот до интернет во Багдад и во поголемиот дел на Ирак е прекинат, соопшти компанијата „НерБлокс”.

„Во времето на објавување, интернет конекцијата е помала од 19 проценти од нормалното ниво, а што се однесува на милионите корисници во Багдад, Басра, Кербала и другите центри“, се наведува во соопштението.

Антивладините протест во Ирак почнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и немање основни услуги. Во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите досега загинаа најмалку 250 луѓе.

Ирачките власти за време на протестите и претходно го имаа оневозможено пристапот до интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот