Прекинат мечот РКЦ – Ајакс, позната е состојбата на тешко повредениот голман Васен

фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Голманот на РКЦ Валвијк, Етјен Васен е во критична состојба по судир со напаѓач на Ајакс и лекарите се борат за неговиот живот.

Поради овој инцидент, натпреварот од холандското фудбалско првенство во Валвијк беше прекинат во 86 минута. До моментот на прекинот Ајакс водеше со резултат 3:2.

Играчите на двата тима беа околу голманот на домашната екипа, кој лежеше без свест додека му помагаа.

Во тие моменти, публиката во тишина чекаше да му се помогне на Васен, за да биде поздравен со громогласен аплауз кога на носилки беше изнесен од теренот.

Фудбалерите на двата тима потоа отидоа во соблекувалната, за подоцна да се вратат за да им се заблагодарат на навивачите за поддршката кон домашниот голман.

– Шокирани сме од инцидентот што му се случи на теренот со нашиот голман Етјен Васен. Можеме да соопштиме дека, по опсежни лекарски прегледи, тој е свесен и е пренесен во болница на дополнителни прегледи. Му посакуваме на Етјен многу сила и сила и се надеваме дека наскоро ќе се врати за да биде со нас – соопштија од РКЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот