Прекинат македонскиот ракомет на неодредено време

Одлуката на РФМ е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата.

Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории.

Ваквата одлука на РФМ е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19.

Првите луѓе на македонскиот ракомет ќе ја следат состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.

Претходно федерацијата исто така заедно со ЕХФ донесоа одлука за одложување и на националните квалификациски натрпревари.

Се одложи собирот на женската сениорска репрезентација во рамките на ЕХФ неделата (16-29 март 2020 година) и квалификациските мечеви со Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот