Прекинат бојкотот на албанските наставници, наставата продолжува

Албанија книга илустрација/ Фото Ognjen Stevanovic / Alamy / Alamy / Profimedia

Синдикатот на високото образование во Албанија одлучи привремено да го прекине бојкотот на наставниот процес додека остануваат на сила сите можности за штрајкови и периодични протести.

Од пред Политехничкиот Универзитет во Тирана, првиот човек на Синдикатот Александер Ковачи најави продолжување на нивната акција.

– Привремено го прекинуваме бојкотот на образовниот процес заради исполнување на нашата должност, додека на сила остануваат сите можности за штрајкови и периодични протести. Следниот протест е утре во 11:00 часот, рече Ковачи.

Ковачи додаде дека една од опциите е да се бојкотира испитната сесија во февруари.

– Ја проучуваме вкупната национална поддршка како можна опција, доколку владата не ги исполни нашите услови. Ќе има бојкоти и периодични штрајкови, најави тој.

Во меѓувреме, академскиот сенат на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи” денеска одобри зголемување на платите за осум отсто на академскиот кадар на Универзитетот.

Ова е втор универзитет што одобри зголемување на платата на професорите за осум отсто. Заедно со одобрените седум отсто од владата, професорските плати се зголемуваат за 15 отсто.

Академската 2022/2023 во земјата требаше да почне на 17 минатиот месец.

Професорите бараа зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, додека владата одобри седум отсто од буџетот, како и осум отсто од средствата на универзитетите, со што не се согласуваа и почнаа со бојкот и протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот