Прекин во водоснабдувањето во населба Хром и Чаир

фото Архива

Од 20.45 часот вечерва прекинато водоснабдување имаат корисниците од населба Хром, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот е поради дефект на затворач (шибер) на улица „Воин Драшкоци” број 30 и ќе трае до неговото отстранување.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 28.07.2021 г. поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Кумбара бб (во близина на авто школа Хирда)

со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Кумбара, Исмаил Кадаре и дел од Кримска во Општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот