Прехрамбени пакети за стотина социјално загрозени семејства

На светскиот ден против сиромаштијата, стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци денеска добија прехранбени пакети од Банката за храна, која подолг период е активна во општината и им помага на најсиромашните со храна и хигиенски средства.

Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво ,,Еко-живот”, кој е активист во Банката, рече дека таа е меѓу лидерите во државата во оваа област.

 – Пример сме како треба да изгледа банкарството и посебно грижата за справување со вишокот храна и нејзино донирање на оние на кои им е најпотребна. Тука сме 365 дена во годината да обезбедиме што повеќе храна за нив,  заедно со општинските институции и со бизнис секторот- нагласи Паризов.

Тој додаде  дека интересот за донирање се зголемувал се повеќе, како кај компаниите, така и кај граѓаните.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изрази задоволство од функционирањето на Банката.

-Сиромаштијата постои меѓу нас во општеството  и мора да се трудиме да ја тргнеме, но во целост тоа е невозможно. Заедно со „Еко живот” и Банката за храна, ние како општина, бизнис секторот и сите институции,  помагаме со основните прехранбени продукти за најсиромашните- рече Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот