Преговорите во завршна фаза: Бејл в петок ќе отпатува за Лондон!

твитер

Според „Би-Би-Си“, велшкиот фудбалер Герет Бејл ќе пристигне во Лондон во петок на последни преговори во врска со неговиот трансфер во Тотенхем.

Се посочува дека преговорите меѓу Реал Мадрид и Тотенхем и натаму траат и дека 31-годишниот фудбалер треба да пристигне во лондонскиот клуб на позајмица.

Разговорите меѓу клубовите се во завршна фаза и доколку завршат добро, Бејл ќе отпатува за Лондон в петок.

Се додава дека Бејл во четврток ќе тренира самостојно во комплексот на Реал Мадрид. „Би-Би-Си“ воедно потсетува дека неговиот агент Џонатан Барнет потврди дека преговорите се во тек и истите бавно напредуваат.

Менаџерот на Спарси, Жозе Мурињо одби да ја коментира можноста дека Бејл доаѓа да ја засили неговата екипа.

Бејл како позајмица повторно во Премиер лигата!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот