Преговорите се во тек, Покетино се враќа во Тотенхем?

epa08959034 Paris Saint Germain's head coach Mauricio Pochettino seen during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint Germain and Montpellier HSC, in Paris, France, 22 January 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино веќе преговара со челниците на Тотенхем за негов кам-бек во премиерлигашот, пренесува Скај Спорт.

Покетино во ноември 2019 година доби отказ во Тотенхем и беше заменет од Жозе Мурињо кој пат беше отпуштен минатиот месец. Тотенхем сезоната ја заврши со Рајан Мејсон како привремено решение, но првиот човек на клубот, Даниел Леви веќе ја започна потрагата по трајно решение и првата станица во таа потрага е во Париз.

Покетино сè уште е под договор со ПСЖ на чија клупа седна во јануари годинава, а има договор со јуни 2022 година.
Покетино веќе се наоѓа под притисок бидејќи не успеа да ја освои титулата во Лига 1, додека во Лигата на шампионите е лиминиран во полуфиналето од Манчестер сити.
Според Скај Спорт, Покетино и неговите претставници веќе имале првични разговори со Леви за негово враќање на клупата на Тотенхем, но се очекува последниот збор да го имаат челниците на ПСЖ.

Видео на денот