Преговорите меѓу власта и опозицијата на Венецуела продолжуваат на домашен терен

Фото: EPA-EFE/Miguel Gutiérrez

Синоќа заврши новата рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата, со најава дека разговорите ќе продолжат.

Како што наведуваат британските медиуми, претставници на владеачката Социјалистичка партија на Венецуела неделава се сретнаа со опозицијата на Барбадос, во рамки на преговорите што почнаа во мај во Норвешка, со цел да се најде решение за политичката криза  во земјата.

Венецуелскиот министер за информации, Хорхе Родригез, кој ја предводеше владината делегација, потврди дека разговорите завршија, но не сакаше да понуди повеќе детали за самиот тек и исход од нив.

Два извора од опозицискиот табор наведуваат дека консултациите ќе продолжат во Венецуела. Според опозициски извори, владината делегација главно се фокусирала на американските санкции, додека опозицијата барале нови претседателски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот