Преговорите меѓу Москва и Киев за испорака на гас траат веќе шест часа

Гаспром / Фото: ЕПА

Преговорите меѓу Москва и Киев за испорака на гас се во тек и траат веќе шест часа.

– Преговорите продолжуваат, изјави портпарол на руската енергетска компанија „Газпром”, кој не потврди кога може да се очекува конечно потпишување договор.

Во меѓувреме, украинската Влада одобри потпишување на договорот со Москва.

Главните параметри на транзитниот договор беа договорени уште на 20 декември за време на разговорите во Берлин и Минск. Рокот за нов договор е пет години. Следната година Русија треба да достави на европскиот пазар преку Украина 65 милијарди кубни метри гас и по 40 милијарди годишно од 2021 до 2024 година.

Протоколот вклучува и правни спогодби за решавање спорови.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак вчера истакна дека на украинската страна и биле исплатени 2,9 милијарди долари, кои се наложени од меѓународната арбитража во Стокхолм. Тоа беше условот двете страни да се откажат од сите останати меѓусебни судски побарувања, за кои нема правосилна пресуда, како и да се потпише договор со украинската Влада за повлекување на антимонополските побарувања во висина од 7,4 милијарди американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот