Преговори за зголемување на платата во националната Пошта

Преговори за зголемување на платата во националната Пошта / фото: МИА

Владата во рок од седум дена треба да изготви финансиска конструкција за примена на линерано покачување на нето платата на вработените во А.Д Пошта на Северна Македонија по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија по денешната средба на Синдикатите во АД Пошта со директорот Јани Макрадули и со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според ССМ, откако ќе биде изготвена финансиската конструкција, ќе се одржи повторно средба на вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените во националната Пошта, којашто е во 100 процентна сопственост на Владата.

-Синдикатите сметаат дека сите заеднички треба да работат во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на А.Д.Пошта на Северна Македонија, а очекувањата се дека постапката зголемување на сите плати на вработените во АД Пошта на Северна Македонија ќе следи веднаш поради донесувањето на измената на Законот за минимална плата која сега е во тек и согласно која од месецов висината на минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, наведуваат од ССМ.

Во оваа насока, дополнуваат, е и донесениот заклучок од страна на Синдикатите и Управниот одбор во АД Пошта на Северна Македонија согласно кој за реализација на барањето на Синдикалните организации за линеарно покачување на нето платата на вработените во Пошта на РСМ во износ од 3.000 денари започнувајќи со исплата на плата за март 2022 година, кое е прифатено од Управниот одбор на друштвото.

-Вицепремиерот за економски прашања на Владата на РСМ во рамки на трипартитниот социјален дијалог изрази подготвеност во најкраток рок да се постапи согласно член 8 од Законот за минимална плата за донесување заедничко прифатливо решение за реализација на барањето на Синдикалните организации. Во таа насока, Владата на РСМ ќе изготви финансиска конструкција за имплементирање на линерано покачување на нето платата на вработените и во рок од 7 дена ќе се одржи повторно средба на вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените, стои во соопштението.

Денешните преговорите за зголемување на платата беа најавени откако претходно беше постигнат договор синдикалните органзиации од АД Пошта да ја стават во мирување одлуката за протест, што требаше да се одржи завчера. Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, синдикалните оргнизации најавија дека ќе продолжат со постапката за организација на протестот како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот