ПРЕГОВОРИ ВО КОСОВО: Курти и Мустафа не постигнаа договор за нова влада – Слободен печат
ВестиРегион

ПРЕГОВОРИ ВО КОСОВО: Курти и Мустафа не постигнаа договор за нова влада

Кога ќе имаме конечен договор, истиот ќе го преставиме пред јавноста. Денешната средба завршува, јас ќе бидам во директен контакт со претседателот на ДЛК за да одредиме кога ќе се сретнеме повторно, за да постигнеме договор, истакна Курти.

Заврши средбата помеѓу лидерите на Самоопределување, Албин Курти и на Демократската Лига на Косово, Иса Мустафа. Двајцата лидери не успеаја да се договорат за коалиција меѓу двете партии, пишуваат тамошните медиуми.

После средбата, лидерот на Самоопределување Албин Курти, изјави дека разговорите со Мустафа ќе продолжат.

– Кога ќе имаме конечен договор, истиот ќе го преставиме пред јавноста. Денешната средба завршува, јас ќе бидам во директен контакт со претседателот на ДЛК за да одредиме кога ќе се сретнеме повторно, за да постигнеме договор – истакна Курти.

Лидерот на Демократската Лига на Косово, Иса Мустафа, изјави дека со Самоопределување не се согласиле за неколку работи и потврди дека постојат разлики помеѓу двете партии.

– Имавме многу содржаен разговор, бидејќи без вакви разговори тешко е да се постигне соработка која ќе биде стабилна и ќе трае четри години. Нормално, имаме согласност околу владината програма, има работи кои сме ги дискутирале денеска и за кои работиме за да најдеме решение. Денеска нема договор за коалиционирање, има договор да продолжиме и да го најдеме патот како да ги приближиме нашите ставови – истакна Мустафа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close