Преговори на релација Виена – Москва: Австрија купува милион дози од вакцината „Спутник V“

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Австрија преговара со Русија за купување на милион дози од вакцината „Спутник V“, која сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти канцеларијата на канцеларот Себастијан Курц.

Курц е под голем број на критики од опозицијата, затоа што неговата влада не купила доволно вакцини преку централизираниот систем на ЕУ, додека Курц тврди дека системот потфрлил, пренесува Хина.

– Не смее да има геополитичка тесноградост кога станува збор за набавка на вакцини, рече Курц, додавајќи дека Австрија преговара со Русија за набавка на вакцината и дека Москва понудила да испорача милион дози од април.

– Единственото нешто што треба да е важно е дали вакцината е ефикасна и безбедна, додаде Курц.

Вакцината „Спутник V“ досега е одобрена во 58 земји.

Врз основа на последните клинички испитувања во февруари, научниците утврдиле дека ефикасноста на „Спутник V“ е 92 проценти. Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание „Лансет”.

Од земјите на ЕУ, само Словачка и Унгарија ја купија руската вакцина, а Унгарија веќе ја администрира. Во Словачка, сепак, ова прашање предизвика политичка криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот