Преговори меѓу синдикати и работодавачи во Германија: Постигнат договор за повисоки плати

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Синдикатите на германската електро и металуршка индустрија и работодавачите денеска постигнаа договор за зголемување на платите по повеќенеделни преговори, обележани со повремени штрајкови.

Компромисот, постигнат по 10-часовни преговори, предвидува ковид бонус од 500 евра оваа година, како и годишни бонуси во 2022 година и во 2023 година, од 18,4 и 27,6 отсто од месечната заработка.

Плаќањето, што би било еквивалентно на зголемување на платите за 2,3 отсто, може да се претвори во намалување на работното време без намалување на приходите.

Договорот што работодавачите и синдикатот ИГ Метал во Северна Рајна-Вестфалија го потпишаа до крајот на септември 2022 година, се однесува на речиси 700.000 вработени, а тој треба да го преземат и други региони.

Преговорите беа придружени со повремени штрајкови, особено во автомобилската индустрија.
Оваа година ИГ Метал побара зголемување на платата за четири проценти за 3,8 милиони работници во тој сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот