Преговарачката рамка го штити македонскиот идентитет, вели Ковачевски

Фото: Влада на РСМ

„Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации“, порача премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на „Алсат“.

-Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е за оние граѓани кои што работат во медицинските центри во државата, ова е за наставниците, ова е одлука за младите, ова е одлука за земјоделците, ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ, живеат на висока нога, повисока и од некои земји членки на ЕУ – изјави Ковачевски.

Тој додаде дека уставните измени се предвидени со преговарачката рамка.

-Стапувањето во сила на уставните измени е регулирано во преговарачката рамка каде што јасно стои дека имаме чист македонски јазик и преговарачката рамка е на македонски јазик. Јавно е тоа. Преговарачката рамка го заштитува македонскиот идентитет – рече премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот