Прегледајте ја кожата: Недостатокот на витамин Б12 се манифестира преку пет симптоми

Фото: Профимедиа

Витаминот Б12 е есенцијален нутриент кој му е потребен на телото за процеси, како што се синтеза на ДНК, производство на енергија и функционирање на централниот нервен систем.

Способноста за апсорпција на витаминот Б12 од храната опаѓа со текот на годините, па така недостатокот е почест кај постарите луѓе.

Еве кои 5 симптоми укажуваат на недостиг од овој витамин во организмот:

Замор

Луѓето кои имаат недостаток на витамин Б12 главно се чувствуваат изморено. На клетките во вашето тело им е потребен овој витамин за да функционираат правилно. Несоодветните нивоа може да го намалат нормалното производство на црвените крвни зрнца, што може да го наруши преносот на кислород. Кога вашето тело нема доволно здрави црвени крвни зрнца да го пренесуваат кислородот до ткивата, веројатно ќе се чувствувате слабо и изморено.

Бледа или жолта кожа

Друг знак кој може да укажува на недостаток на витаминот Б12 е бледата или жолта кожа. Неговиот недостаток исто така, може да ги направи белките на очите жолти. Бојата а е предизвикана од високото ниво на билирубин во телото, отпаден производ кој настанува кога вашето тело ги разградува црвените крвни зрнца.

Главоболки

Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до невролошки несакани ефекти, вклучувајќи и главоболка. Главоболките се меѓу најчесто пријавуваните симптоми во врска со недостатокот на овој витамин и кај возрасните и кај децата.

Симптоми на депресија

Витаминот Б12 е неопходен за правилно функционирање на вашиот централен нервен систем, а недостатокот на оваа хранлива материја може да влијае на менталното здравје. Ниското ниво на овој витамин може да предизвика зголемени нивоа на аминокиселината која содржи сулфур и која се нарекува хомоцистеин. За возврат, ова може да придонесе за развој на депресија и зголемување на оксидативниот стрес.

Тешкотии со концентрацијата

Бидејќи недостатокот на Б12 негативно влијае на централниот нервен систем, луѓето со ниски или дефицитарни нивоа на овој витамин може да се чувствуваат „замаглено“ и да имаат тешкотии да се концентрираат и да ги извршуваат задачите. Постарите лица се особено изложени на ризикот од овие несакани ефекти бидејќи ризикот од недостаток на витамин Б12 се зголемува со текот на годините.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот