Прегазен пешак во Скопје

Фото: Слободен Печат

Утринава во Скопје на булеварот „Србија“ камион прегази пешак на 61 годишна возраст. Според полицијата, камионот бил управуван од 40 годишен велешанец.

Телото на починатиот е на обдукција, по наредба на јавен обвинител.

„Во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот