Прегазен пешак во Дебар, итно пренесен во Охридската болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Осумдесет и осумгодишен пешак е прегазен вчера во Дебар од страна на четириесетгодишен сограѓанин. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Охридската болница „Св.Еразмо“.

„На 25.09.2023 во 19.55 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„100″ во Дебар, патничко возило „пежо” со дебарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(40), удрило во пешакот А.Б.(88), двајцата од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид“, информираат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од дебарската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот