Прегазен 79-годишен човек во Скопје, возачот избегал

Полиција/ Фото МВР

На 30.07.2021 во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ” во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Од МВР известуваат дека пешакот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот