Предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 6 октомври

Косово избори 2021/ Фото: МИА

Претседателот на Република Косово Хашим Тачи попладнево донесе одлука за прогласување на предвремените парламентарни избори во земјата, а како датум на нивно одржување го одреди 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одлуката на Тачи, доставена до медиумите од страна на неговиот кабинет, се наведува дека е побарано од Централната изборна комисија да ги преземе потребните дејствија за организирање на изборниот процес.

– Поаѓајќи од уставните и законските одговорности, претседателот Тачи донесе одлука вонредните избори за Собранието на Република Косово да се одржат на 6 ноември 2019 година. Од Централната изборна комисија е побарано да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите за Собранието на Република Косово, согласно оваа одлука и законодавството кое е на сила – се вели во соопштението од кабинетот на Тачи.

Откако на 19 јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, пратениците во косовското Собрание минатиот четврток, на 22 август, со двотретинско мнозинство ја изгласаа одлуката за самораспуштање на законодавниот дом. Декретот за распуштање на овој, шести по ред, парламентарен состав, Тачи го потпиша претпладнево и најави дека мошне бргу ќе го објави и датумот за одржување на предвремените избори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот