Предвремените избори ќе го одложат пописот

Попис фото МИА

Одлуката на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори, најверојатно ќе го одложи повторно одржувањето на пописот во земјата. Како што е познато, оваа значајна статистичка операција требаше да се одржи во април следната година.

Според најавите од лидерската средба што се одржа вчера кај претседателот Стево Пендаровски, најреално е пописот да биде одложен за 2021 година.

Исто така изборите ќе го одложат и процесот на договарање на нов изборен модел, за што веројатно ќе се разговара после предвремените избори во април.

Премиерот на Владата во својата изјава за медиумите синоќа истакна дека се надевал дека до октомври идната година, како што им бил планот, би ги реализирале сите проекти кои ги започнала владеачката партија СДСМ, но сега ќе вложат напори до април оваа година да го завршат она што го започнале.

-Наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата, ќе се потрудиме најголем дел од тие да ги реализираме до април месец заради тоа што веќе се објавени мерките и за раст на платите, пензиите и за лекарите и за капиталните инвестиции што се реализираат во државата, еколошките проекти се отворени, квотите се укинати, донесен е законот за основното образование- рече Заев.

До крајот на годината премиерот се надева дека ќе отпочнат со изградба на Клиничкиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот